Бабите и дедовците се закон
Psychology today - Њујорк
Додека во младоста во растењето на сопствените деца бабите биле носители на семејните обврски, тие кои мислат на се, сега со внуците и дедовците конечно стигнаа на ред за паркови, шетање на децата и носење на училиште. Овие средовечни двојки се свесни колку можат да помогнат на своите деца но истовремено и да го оплеменат својот живот со учество во растењето на внучињата и главно ги прифаќаат задачите и обврските.
На дедовците не им треба наговарање за овие активности, тие дури чувствуваат и еден вид благодарност што сопругите и децата укажуваат доверба и ги пуштаат да им помогнат и да учествуваат. Тие станаа експерти за промена на пелени и негување на мали болни дечиња додека родителите се на работа.
Минатиот август, бебиситерката на моите внуци ненадејно отиде на одмор, без навремена најава, оставајќи го мојот син и снаата на цедило. Тие мораа да работат, нивниот одмор веќе истече. Секако изненадени, се најдоа во чудо. Кој сега би можел да им помогне?
Кој друг ако не старите! Дедо Чарли и баба Џина беа тука да ги чуваат децата, облекуваат, хранат, ги преземаа обврските во училиште за глума, на базен и родендените. Пензионерите скокнаа со сите сили и се растрчаа да помогнат. Дури заедно со внучињата и печеа колачиња. Најдобар дел од приказната е што за клинците тоа беше квалитетно поминато време, кое ги зближи и на сите ни ги облагороди животите, пружајќи многу забава.
Детскиот психијатар Артур Корнхабер е пионер на т.н. дедо студија, најдолго истражување некогаш направено на оваа тема за односот меѓу бабите и дедовците и нивните внуци. Тој тврди дека 95 отсто сите луѓе постари од 65 години кои имаат возрасни деца кои исто така имаат деца, можат да бидат извор на поддршка, радост и разонода на сите во семејството.
Корнхабер идентификува 11 улоги кои ги играат бабите и дедовците во семејството: предок, другар, херој, историчар, ментор, воспитувач, пример, духовен водич, ученик, наставник и волшебник.
Корнхабер тврди дека е делотворно кога бабата и дедото ја преземаат улогата на семеен историчар и ги информираат сегашните генерации за нивното семејно потекло и традиција. Исто така, дедовците имаат доволно мудрост и животно искуство да даваат добри совети, но можат да пружат и повеќе љубов од родителите бидејќи ја немаат таа директна воспитна улога. Тие, за разлика од родителите, сепак се чекор подалеку од дисциплината и родителската одговорност. Со самото тоа, децата во нивно присуство се чувствуваат поопуштено, па се поотворени за разговор со нив.
Дедовците можат да имаат силно влијание на внуците учејќи ги на издржливост, лојалност, напорна работа, трпение, жртвување и воопшто на се што го научиле од своето животно искуство.
Дедовците можат многу да помогнат на своите внуци да основаат свој идентитет, чувство за вистински вредности, формирање на идеали и верување во нив. Преку односот со тие од претходните генерации, децата можат да стекнат подобар увид во тоа кои се и од каде дошле. Дедовците можат да ги пренесат знаењата за културните вредности, семејните корени и вредностите кои се однесуваат на образованието, етиката, значењето на работата, религијата и моралот. Токму затоа бидејќи родителите и бабите и дедовците не се секогаш истомисленици, освен по прашањето за доброто за внуците т.е. децата, важно е да бидат вклучени во воспитувањето и растењето на децата. Децата ќе имаат предвид две различни видувања на блиските луѓе и студијата покажала дека од тие различни ставови секогаш е поголемо доброто од што се проблемите кои произлегуваат од тоа.
Доследното учество во воспитувањето и растењето на внучињата доведува и до создавање и продлабочување на емотивните врски кои создаваат сигурност и заштитеност. Докажано е дека децата имаат поголем степен на самодоверба кога се во прашање дедото и бабата. Оваа стабилност може значително да влијае и на поволниот академски, психолошки и општествен развој на децата.
Честата, двонасочна комуникација меѓу бабата и дедото и нивните внуци е важна за изградба за силна врска. Тие ќе останат во контакт и со телефонски повици, разговори преку скајп, размена на фотографии, пораки, електронска пошта, но и сите други видови на комуникација, па и праќање на насликани или направени детски ракотворби.
Бабите, децата и внуците имаат разновидни знаења и вештини кои можат да ги споделуваат едни со други. Чинот на делење го продлабочува односот и го проширува знаењето и вештините и на едните и на другите.
Истражувачот од Универзитетот во Охајо, Кирк Блор, утврди дека внуците кои имаат блиски односи со дедовците постигнуваат подобри резултати во училиште, по емотивни се, прилагодливи, имаат поголема почит и подобра способност да развијат и да ги одржат пријателствата.
Накусо, бабата и дедото:
- Обезбедуваат чувство на континуитет на семејството и историјата;
- Преносители се на големо културно наследство на семејството;
- Придонесуваат за детската припадност и безбедности;
- Стануваат дополнителни примери;
- Често имаат повеќе време од родителите за читање приказни, учење на нови вештини и играње на игри;
- Имаат интерес за сите видови на добробит и здрав развој на своите внуци.
Што се однесува до мене, како бабите, се фаќам себе како се разнежнувам кога гледам колку мојот маж Чарли е близок со нашите внуци, но и кога ги гледам дедовците кои јас дури и не ги познавам, како си играат со своите внуци на игралиштето преку патот од нашата куќа. Живеев за овој ден, за вакви глетки со своите внуци и благодарна сум што тоа го дочекав.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа