ВИДЕО: Кит во невоља побарал помош од рибари
Рибари кои пловеле северно од Сиднеј многу биле изненадени кога до нивниот чамец се доближил кит барајќи помош.
На вилицата на китот било заклавено купче кеси и рибарски материјал.
Големото животно дошло толку блиску до нив, што тие најпрво мислеле дека ќе ги нападне. Тие велат дека китот се однесувал многу чудно, кружел околу нивниот брод како да сакал да им го привлече вниманието, а кога подобро го погледнале сфатиле дека тој се гуши.
Иван Искендеријан, еден од рибарите, по неколку неуспешни обиди, успеал да го извлече пластичниот отпад од вилицата на китот.
Оцени ја веста
15.08.2015 - 15:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа