Српскиот пејач кој итно го оперираа излезе од болница - што го чека сега?

 

По две недели по операцијата на панкреасот, Маринко Маџгаљ во придружба на неговиот татко, чичко и вереницата Лана Секулиќ ја напушти болницата.

Актерот, кој е пејач и водител, е пуштен на домашно лекување, но повремено ќе мора да доаѓа во болница на прегледи. Препишана му е терапија, одредена диета, а ќе мора строго да мирува. По операцијата тој ослабел 10 килограми, а сега мора многу да внимава на исхраната.

-Покрај редовните посети од 15 до 16 часот, Лана доаѓаше кај него наутро и навечер. Тешко го поднесе сето ова. Сите се надеваат дека Маринко потполно ќе се опорави, вели извор за српски „Блиц“.

Тој беше итно опериран поради силни болки во стомакот.

 

 

Оцени ја веста

16.08.2015 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега