Мажите никогаш нема да се откажат од овие особини
Ова е листа за неубавите вистини за мажите, кои доколку ги прифатме и сфатиме ќе ни биде многу полесно.
Не можат да одолеат на заведувањето. За мажот нема нешто повозбудливо од заведувањето. Па искористете го тоа во своја корист. Заведувајте го со танц, во кој полека ќе ги симнувате парчињата облека од себе. Во тој момент неговата возбуда нема да му дозволи да ги забележи вашите недостатоци, како што се целулит, стрии и слично. Затоа отпуштете се и дадете се од себе.
Тие гледаат во други жени. Тоа е сосем природно и нормално. Тоа е антрополошко феномен, и женките горила се вртат по мажјаците кога поминуваат покрај нив. Сите сакаат да гледаат убави нешта. Кога ќе забележите дека партнерот се врти по убава жена, не значи дека е бесчувствителен, само го понел инстиктот.
Мажите се големи деца, и се гордеат со тоа. Тоа најмноу може да го забележите кога, во друштво гледаат некој спортски натпревар. Тие се радуваат на мавање, додавање и голови како 10-годишно момче. Но, оставете го нека ужива во тие моменти. Подобро е да биде дете со своите другари отколку пред вашите родители.
Мажите се перверзни. Тие постојано мислат на секс. Нивните сексуални фантазии без срам ги покажуваат во јавноста, за разлика од нас жените. Сакаат да гледаат порнофилмови, но сепак на крајот покрај себе избираат некоја како вас.
Обожуваат орален секс. Тоа е нешто што најмногу го сакаат, и при едно истражување повеќето од половината испитаници се изјасниле дека тоа им претставува најголемото уживање. Тоа е нивната замисла за појадок во кревет.
Не сакаат навестување. Мажите не сакаат да читаат меѓу редови. Сè што сакате да им кажете кажете им јасно и гласно. За сè што сакате да дознаете прашајте, не очекувајте дека тие ќе се заморуваат со ситници, како жените.
Не го разбираат денот на вљубените. Не знаат што се очекува од нив за овој ден. Место караница, изберете да им кажете дека се ближи денот на вљубените и може да одите на вечера. Потсетете го на датумот и, можеби, ќе ве изненади со нешто подобра идеја од одење во ресторан. Можеби.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа