Емотивна исповед на Аца Лукас - „Тато кога ќе дојдеш дома“
Разводот на Аца Лукас и Соња Вуксановиќ најтешко и падна на нивната ќерка Викторија.
Со оглед на тоа дека Аца и Соња повеќе не живеат заедно, малата Викторија не разбира зошто тато не е дома.
„Се слушам со Викторија секој ден. Тоа што сум сигурен кога Соња е во прашање е дека сме во иста ситуација кога станува збор за Викторија, тоа значи дека сме очајни. Поготово јас кој не сум до неа. Секој ден ме прашува ’Тато колку пати да спијам за да дојдеш дома“, објасни пејачот за српски Ало.
Како главна причина за разводот, Аца наведува дека е работата со која се занимава. На Соња и сметале неговите чести отсуства.
„Главната причина е мојата работа. Соња премногу сакаше некои работи... Јас разбирам дека тоа го сакаше за мое добро, но тогаш почна да се руши моето сфаќање за работата. Соња не знае дека во оваа работа единствен интерес ми се парите. Тука нема место за емоции. Не можеш многу да бираш. Јас повлеков некои потези кои таа не можеше да ги сфати и не е само тоа причината, но таа ситуација последните месеци повлече и други работи. Тоа стана голем проблем, стана многу мачно, ние се сакаме, но ова отиде предалеку и не можевме да се избориме. Она што е моја грешка и уште една работа која Соња ја сметала е тоа што могу работам и често не сум дома. Криво ми е што немав слух за тоа. Кога не видоа во јавноста, како складен пар, навистина бевме тоа, никогаш не глумевме, а кога се расправавме никогаш не бегавме“, рече Лукас.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа