Искрена исповед: Еве зошто се одлучивме да се венчаме

 

Многу жени сонуваат за венчавка, и за преубава бела венчаница. Но постојат и такви кои никако не сонуваат за најубавиот ден од животот, и едноставно не сакаат да се венчаваат. Тие жени се цврсти и сакаат сами да чекорат по патот на успехот и среќата, или имаат доживотни партнери и тие едноставно не сакаат да имаат церемонија... Сепак, многумина од нив се предомислуваат подоцна.

Ви претставуваме две  дами кои се ослободени од аверзијата спрема олтарот и одлучиле да го прослават своето венчавање. 

- Никогаш не сум сакала да се омажам бидејќи се плашев да не ја загубам кариерата, својата независност, или бракот дека нема да ме исполни. Работев во Влада, каде преговарав за владините договори вредни повеќе од милиони долари.

Сакав да патувам, ги сакав луѓето и се што ме опкружува. Кога го запознав мојот сегашен сопруг, покрај работата завршив постипломски студии и учев во текот на ноќта. Работев многу напорно за да ги остварам своите цени и не сакав ништо да ме спречи во тоа. Затоа, на едно службено случување запозанв слаткоречлив тип кој со емсеци се обидуваше да излезе со мене. Кога конечно се согласив да одам на состанок, тој ми приреди преубава вечер, како да сум, уживала во Бродвеј и вечера во ресторан. Сфатив дека имаме многу заеднички работи. На нашиот следен состанок тој ја подготвуваше вечерата, кога сфатив дека нема тој така лесно да замине од мене, ми рече дека сака да биде со мене и никогаш не би дозволил да ме изгуби, сега кога ме има. И така ме освои. Тогаш сфатив дека и понатаму можам да имам независност и кариера, плус дете, семејни одмори и свекојдневни активности. Мојот сопруг и јас сме во брак веќе 30 години и сјајно ни иде, вели Џоан.

- Сакав да бидам сама. Бидејчи бев независна личност која ужива да работи тоа што го сака кога сака. Потоа сретнав еден неверојатен човек кој ги имаше сите квалитети кои ги посакувам, а одамна се имав откажано, мислејќи дека такви мажи не постојат. Тој е искрен и способен маж, кој поседува смисла за хмор, но и голем интергритет. Покрај тоа беше многу згоден и привлечен, а најмногу ме привлече неговиот хумор. Се венчавме минатото лето и морам да признаам дека никогаѓ не сум била посреќна, вели Лаурен. 

 

 

Оцени ја веста

26.08.2015 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега