Discovery Channel: Реална симулација на удар на Астероид на Земјата
Детална и сосема ефективна симулација која ја реализираше Дискавери Ченел, покажа што би се случило кога астероид со пречник од 500 километри би паднал на Земјата – последиците би биле катаклизмични – а во рок од еден ден би исчезнал секој траг на човечки живот.
На снимката е прикажано како, по влезот во атмосферата, астероид паѓа во Тихиот океан.
Од силината на ударот би се „откинал“ 10 километарски површински слој на Земјата. Шокот на бран би добил суперсонична брзина предизвикувајќи монструозна штета, а Земјата би ја зафатила огнена бура која би уништила се пред себе.
Ова стравично сценарио досега се има случено најмалку шест пати во историјата на Земјата, но сепак, често паѓале помали астероиди.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа