Тажна судбина на младо момче - за полуматура ја облекло кошулата на починатиот татко
Сите негови другари од класот за полуматура купиле нова облека. Само 15-годишниот Немања од Србија, ги облекол фармерките и кошулата на неговиот починат татко.
Но тоа не е крај на неговата сиромаштија.
Момчето на зима одело во училиште по летни патики. Сите негови другари имале чизми или длабоки чевли, а неговите нозе смрзнувале, пишуваат српските медиуми.
Немања живее со својата мајка и со четворица браќа и сестра во стара селска куќа. Нивниот татко починал пред едена година.
Инаку младиот Немања тренира фудбал и е добар играч.
Оцени ја веста
04.09.2015 - 15:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа