Тинејџерка преживеа хорор: „Соучениците ми велеа да се обесам“
Тинејџерката Јасмин Грин на училиште секојдневно била малтретирана, само поради тоа што имала црвена коса.
„Ми зборуваа дека немам душа бидејќи сум црвенокоса и дека треба да се обесам, што беше ужасно. Малтретирањето доведе да изгубам самодоверба и ме натера да мислам дека сум дебела, па така почнав да ги прескокнувам оброците. Кога живеев на едно јаболко дневно, не можев да се сконцентрирам на било што, на часовите седев и гледав во саатот. Мислав само на храна, но бидејќи бев болна не можев да јадам“, раскажува Јасним.
Кога девојката колабирала, ја одвеле на болница каде ја хранеле со инфузии. Кога видела колку нејзините родители се загрижени, одлучила да се опорави. Ослабела 41 килограм, што било премалку за нејзиниот организам.
Јасмин сеуште се бори против анорексија, но се опоравува.
„Насилството навистина може да униште нечиј живот бидејќи се чувствувате дека не вредите. Среќна сум што на крајот се испадна добро“, раскажува Јасмин.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа