„Има девојки кои уште на првиот состанок го бараат својот џепарлак “
Џон од Мајами има 40 години, за себе вели дека е прилично згоден и дека е добар во “ловот’. Сепак, тој годишно троши 100.000 долари за жени, а еве го неговото објаснување:
Тој вели дека не станува збор за проституција бидејќи девојките не ги наоѓа на улица, туку едноставно ги запознава.
- Се гледам со девојки на кои им е потребна финасиска стабилност, и јас во тоа им помагам. Веројатно и јас истот би го правел и да бев оженет, раскажувал Џон
Џон додава дека немало да биде тоа така ако во оваа „игра“ не бил вклучен сексот.
Ако се уште ен ви е јасно зошто Џон дава пари на девојките, тој тврди дека така работа е поедноставна
- Да сум во нормална врска, би морал да размисалм за многу работи, вака знам каква е ситуацијата, и тие девојки знаат зошто сум јас со нив
Овој маж вели дека моментално се гледа со неколку девојки, и вели дека некои од нив уште на првиот состанок го бараат својот „џепарлак“
-На една девојка со која сега се гледам и давам по 1.000 долари секој пат кога ќе се видам
Џон вели дека му се случува девојка да му побара повеќе пари него што им дава, но тогаш едноставно престанува да се гледа со нив.
Овој човек со девојките кои ги плаќа не излегува на состанок, најпрво и на него му било чудно така да функционира но подоцна се навикнал на тоа.
- Иако може изгледа така, но јас не сум секс машина. Се случи еднаш дури и да се заљубав во една девојка со која се гледам, но сфатив дека таа само физички ме привлекувала
Она што на овој човек му смета во ваквиот однос е што нема спонтаност, туку се однапред е испланирано.
- Со секоја од девојките се гледам по два, три пати месечно, но нема многу комуникација меѓу нас кога се гледаме. Тоа ми беше чудно на почетокот бидејќи порано бев во нормална врска, каде размислуваш за она што таа мисли, дали ја добила мојата порака... Со овие девојки го нема тоа бидејќи се се сведува само на една порака: „Сакаш ли да дојдеш“?
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа