Парите не се главна причина поради која паровите се разведуваат - еве која
Многумина веруваат дека првата причина поради која паровите се разведуваат се токму парите, но новите истражувања покажуваат дека тоа мислење сепак не е точно. Главната причина за распаѓањето на едно семејство е неверството. Помеѓу останатите причини, се вклучуваат и прекумерното консумирање на алкохол или употребата на опојни дроги, недостатокот на комуникација или психичкото злоставување, исчезнувањето на љубовта, не исполнувањето на семејните обврски, проблеми со вработувањето и хроничното чувство на незадоволство и несреќа во бракот.
Оцени ја веста
18.09.2015 - 14:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа