Есента е период на настинки: Еве како да ги спречите
Променливото време кое е карактеристично за есенските денови, се најчеста причина за настинки и вирози.
И покрај тоа што не можеме да влијаеме на временските услови, можеме да преземеме неколку чекори за да ја спречиме можноста од настинка.
1. Редовно мијте ги рацете
Хигиената е половина здравје. Токму поради тоа редовното миење на рацете е превенција од вирози. Особено е значајно по миењето рацете добро да се избришат, бидејќи мокрите раце се погодни за развој на бактерии и вируси.
2. Редовно проветрување на просториите
Редовното проветрување на просториите во домот и на работното место е особено важно. Во спротивно непроветрената просторија е идеално место за развој на бактерии, особено ако просторот се дели со повеќе луѓе.
3. Консумирајте храна богата со витамини
Храната богата со витамини се препорачува во сите сезони, но особено во есенските денови. Секојдневно внесувајте овошје богато со витамин Ц, кој е вистински заштитник од настинките.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа