Во Рамни Габер само кучиња на улиците - Никој не гласал неколку часа
Во селото Рамни Габер денес се отвори гласачко место каде жителите ќе го дадат својот глас за претседател на државата. Претходниот пат во селото немаше гласање затоа што граѓаните одлучија така да го искажат револтот, јавува Телма.
Во првиот изборен круг граѓаните го опструираа гласањето со тоа што одлучија да го сокријат клучот од кујната на џамијата кадешто требаше да се гласа. Денес екипата на Државната изборна комисија го поставија избирачкиот материјал во училишна зграда, но првите часови никој не гласал, а на улиците имало само кучиња, јавува Телма.
На избирачкиот список има запишано 74 гласачи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа