СДСМ: Филипче нема имот и инвестиции во Обединетите Арапски Емирати
ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати. Ова го велат денеска од опозициската СДСМ.
- Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот. ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт освен неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година, велат СДСМ.
12.05.2025 - 10:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа