Шок во Свети Николе: Пензионер пукал со воздушна пушка кон деца кои береле цреши

 


Вчера во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од тераса на својата куќа на ул.„Питу Гули“ пукал од воздушна пушка кон неколку деца кои береле цреши од цреша во неговиот двор.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава член 288 од Кривичниот законик - „предизвикување општа опасност“.

17.05.2025 - 13:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега