Истражување: Македонците си пушат трева за да се опуштат

 

Во изминатите 12 месеци, најчесто користена дрога во Македонија бил канабисот, покажува Европското веб-истражување за дроги во Македонија од Институтот за јавно здравје.

Вкупниот број на испитаници кои го пополнија прашалникот беше 862 – 32 проценти од анкетираните пријавиле употреба на канабис, 25,9 – канабидиол (ЦБД) или производи со низок тетрахидроканабинол (ТХЦ), користени од 24,9 отсто од учесниците. Кокаин користеле 18,4 проценти од учесниците во ова истражување.


 

Други пријавени супстанции вклучуваат:

Амфетамин: користеле 10,7% од учесниците,
Екстази/МДМА: користеле 9,3% од учесниците,
Магични печурки: користени од 6,6% од учесниците,
ЛСД: користеле 5,2% од учесниците,
Нови психоактивни супстанции (НПС): користеле 4,7% од учесниците.

Од вкупниот број учесници, 24,9 отсто изјавиле дека користеле ЦБД и/или производи со ниско ниво на ТХЦ без рецепт. Тие пријавиле консумирање на овие производи во форма на сушена билка/марихуана (58,8%), цигари или џоинт (55%), масла (40%).

Истражувањето покажува дека најчеста возраст за прва употреба на канабис е 16 години, минималната возраст за прва употреба е 12 години, а максималната возраст е 43 години.

Повеќето испитаници (91,7%) користеле недозволени производи од канабис, додека 9,7% добиле немедицински канабис легално (во земјите каде што канабисот е легален), а 1,9% користеле канабис со лекарски рецепт.

– Марихуаната е најкористениот вид на канабис во Македонија – 20,4% од испитаниците користеле марихуана која се произведува во нашата земја, 5,6% користеле увезена марихуана, 33,2% користеле и домашна и увозна марихуана и 40,8% не знаат каков вид на марихуана користеле. 97% од испитаниците изјавиле дека користеле марихуана во форма на џоинт, а повеќе од половина изјавиле дека обично го делат својот џоинт со други.

Марихуана купиле 79% од испитаниците, додека 15,9% ја добиле бесплатно, а 2,1% самите ја произвеле.

Во однос на мотивацијата за употреба на канабис, најголем процент од испитаниците (68%) изјавиле дека го користеле за намалување на стресот и опуштање. Околу 50% изјавиле дека користеле канабис за да се дружат, да се забавуваат/за забава или за да го подобрат спиењето.

Во врска со стресот и релаксацијата, повеќе од 30% од испитаниците користеле канабис за да ја менаџираат тагата, депресијата, анксиозноста, проблемите со спиењето и промените во расположението.

19.05.2025 - 11:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега