Сообраќајна несреќа на локалниот пат Бродец-Вешала, повредени три лица

 

На 08.06.2025 во 14.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Бродец-Вешала, тетовско, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(20) од с.Бродец, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ш.П., додека со телесни повреди возачот и другиот сопатник Ш.Ф., констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

09.06.2025 - 15:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега