Горивата повторно поевтинија - ова се новите цени

 


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,30 % во однос на одлуката од 27.06.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуија за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намали за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намали за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,605 ден/кг и сега изнесува 39,583 ден/кг. 

Од 1.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  75,50 (денари/литар)

Моторен бензин   ЕУРОСУПЕР БС - 98  77,50 (денари/литар) 

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  69,50 (денари/литар) 

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар) 

Мазут М-1 НС 39,583 (денари/килограм)

01.07.2025 - 10:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега