Дали градоначалничката Данела Арсовска прва нападнала?
Пoрталот Плусинфо објави снимка од безбедносна камера, за која тврди дека е снимка од утринскиот инцидент кога градоначалничката Данела Арсовска правела увид за дивоградби во Чаир. Порталот пренесува дека градоначалничката Данела Арсовска прва удира со нога едно лице.
Дополнително, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување на Сител ТВ, говорејќи за денешниот инцидент на градоначалничката кажа дека Арсовска не го потпишала записникот.
Дошла во полициска станица, била примена од страна на полициските службеници, отпочнале со полициски дејствија. Меѓувремено контактирале јавен обвинител. Лицето коешто го навела како такво е приведено е во полициска станица, и плус други две лица коишто вербално се заканувале. И пазете сега. При составување на записникот и примање на пријавата од страна на госпоѓата, истата станала и си отишла. Не потпишала записник. Замислете, изјави Тошковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа