Тешка сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје: Се судрија камион и два автомобили

 


Денеска  во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово - Скопје, во близина на х.Белви, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски таблички, управувано од С.Д. (54), патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од  Д.Р. (31) и патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од С.А.. Со возило на Итна медицинска помош С.А. е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош.


Увидот е во тек, а сообраќајот во тој дел кон Скопје се пренасочува зад бензиската пумпа.

18.07.2025 - 12:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега