ДУИ до Алиу: Дај си оставка веднаш - вчера сам се демантираше

Демократската унија за интеграција најостро го осудува јавниот измамнички чин на министерот за здравство, Азир Алиу, кој манипулираше со одлуките за вработувања во Клиничката болница во Тетово, излажувајќи 155 вработени и целата јавност. Вчера сведочевме на скандалозен апсурд: Азир Алиу го демантира Азир Алиу! Најпрво објави дека има вработувања, а потоа ги негираше, со што докажа дека целиот процес бил политичка лага за собирање изборни поени на грбот на граѓаните и здравствените работници, стои во реакцијата на ДУИ испратена до медиумите.
Не може да се релативизира лагата и измамата. Мора да се отфрли оваа опасна теорија на политичка манипулација, каде што министерот отворено тврди дека работата е завршена, дури обвинувајќи ги другите за лаги, за денес да каже дека ништо не е завршено, но „по пролонгирањето ќе се заврши“. Ова не е одговорна политика, ова е потсмев кон граѓаните.
Ова требаше да биде преседан, но за жал станува секојдневие кај албанските функционери кои без легитимитет опстануваат во Владата, што покажува недостиг на одговорност, недостиг на транспарентност и потценување на граѓаните и цела Северна Македонија. Министерот Алиу ја загуби секоја кредибилност и не може да остане ниту еден ден на чело на Министерството за здравство.
ДУИ бара итна оставка од Азир Алиу!
Здравството не може да се води од луѓе кои отворено лажат и си поигруваат со судбината на граѓаните и здравствените работници, стои во реакцијата на ДУИ.
15.08.2025 - 10:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа