Филипче ги отфрла обвинувањата за јахтата и имоти надвор од Македонија

 

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција ги отфрли обвинувањата дека поседува недвижнини и други луксузни добра во странство, притоа нарекувајќи ги „конструкции и лажни вести пласирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ“.

-Сметам дека имам легитимитет и кредибилитет, цел живот работам за граѓаните, како доктор, како министер и за стандардот, во владата која седев носеше мерки за платите, платите на докторите се зголемија за 150%, сега платите се 150.000 имам право и ќе продолжам да се борам за стандардот. Тој систем на пропаганда кој е присустен, ме обвинуваа за куќа во Нерези, излезе дека не е вистина, дека имам џип не е вистина, дека имам зграда во Дубаи и авиокомпанија не е вистина, дека имам јахта не е вистина, изјави Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

-Жалам што таков систем на пиар развива ВМРО со свои медиумски инструменти, не е само политички феномен, туку општестен, креираат таков наратив за нивото да го сведат под елеменарното и цивилизациско, да ве одведат во калта. Тоа нема да го дозволам, сите тие работи не се вистина, целта е да дискредитираат, тие луѓе се кукавици, те обвинуваат дека си криминалец, предавник, тоа е мантрата, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ вели дека ваквиот наратив на ВМРО-ДПМНЕ го охрабрувало и дека државата ќе ја вратат на вистинскиот пат.

-Тоа повеќе ме охрабрува да се борам за државата знаејќи дека тоа ВМРО и сите кои ги иницираат тоа го прават затоа што немаат резултати и немаат што да кажат, со ситни пари ги плаќаат луѓето за тоа, а се фокусирани на големи бзинис, огромни кредити и договори во 4 очи. Додека државата е на слеп колосек, младите се иселуваат, тие ќе бараат лопови и предавници. Додека ВМРО е на власт, противниците на Македонија мирно спијат, нема да го дозволиме тоа, ќе ја вратиме државата на вистинскиот пат, вели Филипче.

Прашан дали се консултитира со поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев, Филипче негира и вели дека одлуките ги носат со потесното раководство на партијата.

-Не, Зоран Заев повеќе не се занимава со политика, моите одлуки ги градиме со раководството, со потесното раководство на Извршниот комитет и се автентични одлуки на новото раководство на СДММ, вели претседателот на опозициската партија.

Инаку, како што неодамна објави порталот Плусинфо, Филипче беше уловен на луксузна јахта на Халкидики во Грција заедно по поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев.

Како што објави тогаш Плусинфо, фотографијата била направена на вториот крак на Халкидики, пред ексклузивната кафеана „Панос“.

Ексклузивниот пловен објект пишуваше Плусинфо бил на Зоран Заев и е закотвен на третиот крак.

27.08.2025 - 12:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега