ВИДЕО: Врие полиција во скопски Чаир - што се случува?
Голем број полициски службеници вечерва се на терен во скопски Чаир на улицата Цветан Димов во близина на Чаирчанка Како што јавува А1 он повикувајќи се на информации од очевидци во тек е голема акција на МВР во која се апсат повеќе лица. Според неофицијалните информации, уапсен е и еден инспектор.
Полицијата потврдува дека се дејствува во Чаир но не открива повеќе детали. Од МВР за Press24 велат дека не станува збор за никаков инцидент туку за “редовна полициска работа“
19.03.2014 - 23:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа