Паднаа двајца инспектори - еве што се случувало во скопски Чаир

 

Двајца инспектори вечерва се уапсени во полициска акција која се одвивала во скопски Чаир. Како што веќе објавија медиумите, забележано е поголемо присуство на полицијата во близина на тргпвскиот центар Чаирчанка на улицата Цветан Димов. На терен биле излезени поголем број полициски службеници а дејствувале и полициските Алфи. Од МВР за Press24 официјално потврдуваат дека се уапсени двајца инспектори но не откриваат дали станува збор за полициски инспектори или пак припадници на некои од остнатите инспекторати во земјава. Нема информации ниту дали покрај инспекторите се приведени и други лица, ниту пак за за какви кривични дела се се сомничат. Од полицијата не откриваат повеќе детали освен дека акцијата минала без никакви инциденти. Повеќе информации најавуваат во текот на утрешниот ден. 

Видео од акцијата погледнете тука

19.03.2014 - 23:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега