Нов директор на ТОАРИЛУЦ е др Игор Мерџаноски

 


Ас. д-р м-р супспец. Игор Мерџаноски е роден 1971 година во Гостивар. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје каде што завршил и специјализација по општа хирургија. Во 2018 година се стекнал со звањето супспецијалист по трауматологија. Тој исто така одбранил магистерски труд од областа Јавно здравје.

Д-р Игор Мерџаноски поседува повеќе од 20 години искуство применувајќи најсовремени пристапи и методи на работа во различни хируршки интервенции во согласност со модерната медицина. Своето работно искуство го стекнал на Универзитетската клиника „Мајка Тереза“ во Скопје, но исто така и низ клиники во Европа, меѓу кои Германија, Австрија и Турција. Долгогодишен член на AO Trauma организацијата и учесник на годишни конгреси во Хрватска, каде што бил и едукатор.

Д-р Игор Мерџаноски поседува лиценца за судско-медицинско вештачење. Исто така, тој е член на здравствени комисии во земјата каде што придонесува со современи решенија за развој и унапредување на здравствениот систем. Поседува силни менаџерски и преговарачки способности за организација на работа во клиничкиот сектор.

09.07.2025 - 16:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега