Нови детали за убиството во Велес: Сегашниот партнер на велешанката бил заедно со неа во моментот на крвавиот напад

 


Вчера во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди по телото од остар предмет. На местото излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за Р.К.(31) од Велес, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт. 

На местото е затекнат Ф.Т. од Велес, сегашен партнер на Р.К., кој изјавил дека заедно отишле во домот на нејзиниот татко затоа што не се јавувал, а откако Р.К. ја отворила вратата со остар предмет ја нападнал нејзиниот поранешен партнер, И.С.(39) од Скопје, по што ја заклучил вратата.

После тоа, полициски службеници влегоа во домот и го пронајдоа починат нејзиниот татко К.К.(74) , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет  е пронајден и И.С., за кој според првичните информации постои сомнение дека откако ги нападнал двајцата, сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт. Увид извршија јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес и по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

16.09.2025 - 15:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега