Од денеска помалку гужви на „Табановце“ - се пушта во употреба системот One Stop

 


На граничниот премин со Србија „Табановце-Прешево“ денеска ќе биде пуштен во употреба системот One Stop за заедничка интегрирана контрола.

На официјалниот старт на One Stop системот ќе присуствуваат министрите за  внатрешни работи на Македонија и на Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ.

Воведувањето на овој систем, како што изјави неодамна министерот Тошковски, ќе овозможи многу побрз проток на граѓани на  „Табановце-Прешево“, кој моментално е најфреквентниот граничен премин во државава.

Новиот начин на контрола треба да го олесни метежот на границите, особено во летниот период на зголемени патувања.

One Stop системот веќе е воспоставен со Косово на премините Блаце и Јажинце, во тек се разговори и со Албанија за воведување на два гранични премина, додека со Бугарија и Грција, како членки на ЕУ и на Шенген-зоната, ќе има само организациски подобрувања.

04.07.2025 - 09:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега