Општина Ѓорче Петров го активираше кризниот штаб, пожари на неколку локации
Општина Ѓорче Петров информира дека поради појава на повеќе активни пожари на територијата на општината, денес е официјално активиран Кризниот штаб.
На терен се ангажирани екипи на Противпожарната служба, Министерството за внатрешни работи (вклучително и специјалните единици ЕБР и Интервентна полиција), припадници на Армијата, како и претставници на локалното население.
-Се работи интензивно на локализација и целосно гаснење на пожарите кои се активни на следните локации:
• Потегот Стопански двор, над црквата
• Гробиштата Ѓорче, над улица Црногорска
• Населба Волково
• Населба Орман
• Населено место Кучково
Ситуацијата е сериозна, но под контрола и постојан надзор и координација на надлежните институции. Апелираме до граѓаните за смиреност, одговорност и соработка со службите на терен, како и строго почитување на сите препораки и наредби издадени од надлежните органи, информираат од Општината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа