По денешното невреме во Скопје, поплавени улици и објекти во Арачиново

 

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али и раководителот на Секторот за операции и координација, Горан Стојановски беа во континуирана координација и комуникација со надлежните служби и институции, со цел навремено следење и реагирање на состојбата.
Според информациите и фотографиите кои ги добивме од терен од Секторот за операции и координација во ЦУК, поројни дождови ја зафатија територијата на Град Скопје, особено општините Арачиново и Гази Баба, поточно населените места Сингелиќ и Стајковци.
Се работи за краткотрајни, но интензивни врнежи кои не предизвикаа значителна штета врз имот, објекти, инфраструктура и земјоделско земјиште.
Исклучок претставува дел од Општина Арачиново, каде што е евидентирано поплавување на неколку објекти, како и излевање на вода по улиците, при што е забележано насобрано количество песок и воден талог на патниот правец Арачиново – Скопје.
Според досегашните информации, засега нема животозагрозувачки состојби
 
18.06.2025 - 22:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега