Полициски хеликоптер дејствува врз пожарот во прилепско, се упатува и армиски хеликоптер

 


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов информираше дека врз пожарот до Преспанското езеро во повеќе наврати дејствувал еден Ер трактор на Дирекцијата, додека вториот Ер трактор врз пожарот кај Желино и Еребино.

Како што соопшти Ангелов, во пожарот кај прилепските села Штавица, Чумово, Волково и Прилепец во моментов дејствува еден полициски хеликоптер, а во моментов се упатува и еден армиски хеликоптер. 

– Еден ер трактор на ДЗС полнејќи вода од езерото успешно дејствуваше во повеќе налети врз пожарот до Преспанско езеро додека вториот ер трактор врз пожарот кај Желино и Еребино. Полицискиот хеликоптер дејствува врз пожарот во прилепско околу селата Штавица, Чумово, Волково и Прилепец. Кон овие села се упатува и еден армиски хеликоптер, соопшти Ангелов.

Тој додаде дека нема опасност по куќи и други објекти и дека на терен има доволно ПП екипи како и локално население.

21.07.2025 - 19:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега