Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

 

Денеска (18.07.2025), полициски хеликоптер од типот  Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во општина Василево, с. Нивичино, струмичко каде што гори нискостеблеста шума. При дејствувањето во 60 налета се исфрлени повеќе од 80 тони вода.
 
Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.

18.07.2025 - 20:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега