Прилеп: Двајца 17-годишници фатени на дело како крадат од црква
Денеска во 04.35 часот на улицата „Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници од Прилеп.
Тие биле затекнати како од метално сандаче за доброволен прилог од црква вршат кражба.
Тие се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
18.07.2025 - 11:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа