Пукање на семејна веселба во Скопје

 


Вчера во 23.05 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.З.(52) од Скопје, а по претходна пријава дека околу 20.45 часот при семејна веселба се слушале истрели од огнено оружје.

На местото на настанот полициски службеници извршиле преглед и го затекнале Е.З. како испукува во воздух од огнено оружје. Пронајдени и одземени се гасен пиштол марка „Екол Специјал 99“ калибар 9мм и гасни куршуми.

Исто така пронајдени се и испукани чаури и подигнати за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

20.07.2025 - 14:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега