Се запали полициско возило во Скопје, двајца полицајци завршија на токсикологија

 


Вчера околу 12.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, настанал пожар во патничко возило, сопственост на МВР.

Според пријавеното, додека полициски службеници извршувале службени дејствија, возилото се запалило.

Двајцата полициски службеници побарале лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Клиника за токсикологија поради вдишан чад.

Пожарот е изгаснат од полициски службеници кои биле на местото на настанот.

10.07.2025 - 15:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега