Села за Таравари: Некогаш го вели ова, некогаш она… не можам да ги следам неговите лаги
Претседателот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села денеска проговори за информациите дека Арбен Таравари ќе му се приклучи на ЕФ.
Како што вели, Таравари многу брзо си го менува ставот.
„Нека ги појасни прво сам господинот Таравари дилемите, па потоа јас ќе имам одговор, бидејќи потоа брзо си го менува ставот. Некогаш вели едно, некогаш друго, така што јас не можам да ги следам неговите лаги“, изјави Села.
07.05.2025 - 18:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа