Шукова: По Вардариште, пожарот на Дрисла ги докрајчи жителите на Скопје

 


По Вардариште, пожарот на Дрисла ги докрајчи жителите на Скопје. Ова е најдобар доказ за неодговорното и неспособно управување на ВМРО-ДПМНЕ со градот. Четири години немаат никакво системско решение за управување со отпадот, додека ризикот по здравјето на скопјани расте секој ден. Наместо конкретни мерки, добивме само популизам и празни ветувања, изјави на денешната прес-конференцијата Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градоначалничка на Град Скопје.

Додека градот се гуши во ѓубре и чад, тие одржуваат прес-конференции за нереални фестивали, паркови на контаминирано земјиште за евтини партиски поени. Но, град не се води со флоскули, рече Шукова.

„Орце Ѓорѓиевски веќе со денови се крие и одбегнува соочување со граѓаните. Дали навистина мисли дека може да управува со Скопје со нереални ветувања? Проекти како „парк на Вардариште“ се класичен пример за краткорочен популизам, кој не допира до суштината на проблемот.

Вардариште и Дрисла станаа симболи на хаосот во управувањето со отпад – хаос што ВМРО-ДПМНЕ не знае, не може и не сака да го реши.

Мојот план е јасен. СДСМ има конкретно и одржливо решение за Вардариште и за управувањето со отпадот во Скопје:

Итно оградување и заштита на просторот на Вардариште, со контролиран пристап исклучиво за службите на комунална хигиена.

Воспоставување 24-часовно физичко обезбедување за спречување пожари и вандализам“, посочи Шукова.

На среден и долг рок: изградба на нова претоварна станица според европски стандарди, како дел од систем за целосно управување со отпад – од собирање, преку селекција, до финално депонирање во Дрисла, нагласи Шукова.

„Безбедноста, деконтаминацијата и изградбата на модерен систем се клучни за долгорочно решение.

Го повикувам уште еднаш Орце Ѓорѓиевски на јавно соочување. Ајде да им покажеме на скопјани кој има реална визија и план. Овој проблем не бара популизам – туку одговорност и работа. Здравјето на граѓаните мора да биде приоритет број еден“, нагласи Шукова.

10.09.2025 - 11:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега