Скопјанец прегазил малолетник во Охрид
Вчера во 21:05 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „даихатсу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(69) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
31.07.2025 - 12:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа