Скопјанка остана без 261.000 денари со само еден телефонски повик

 


Вчера во 18.45 часот во СВР Скопје, 84-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 261.000 денари.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

08.07.2025 - 16:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега