Снопче: Една четвртина од мандатот помина, време е за акција

 

Халил Снопче, од Алијансата за Албанците, гостуваше во емисијата “Само Вистина”, каде што говореше за актуелната политичка ситуација и очекувањата од Владата. Тој истакна дека иако многу време помина, одлуките кои ги очекуваа не се реализирани. Според него, една четвртина од мандатот на Владата веќе поминала, но правичната застапеност, која е важен закон за Алијансата за Албанците, сè уште не е донесена.

Снопче посочи дека законските измени за еднаква застапеност не се спроведуваат како што треба, што според него значи дека се враќаме назад. Тој додаде дека треба да се направат брзи промени, зашто ваквото одложување значи дека не се исполнуваат ветувањата.

Тој се надева дека првата важна одлука на Владата, во која не учествува Алијанса, ќе биде предложување на закон за правична застапеност. Според него, ако ова се оствари, тоа ќе биде голем успех за Алијанса, која ќе може да се пофали дека исполнила едно од најважните ветувања пред народот.

13.05.2025 - 23:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега