Со камења фрлал кон хеликоптер на МВР додека полнел вода на Лепенец - полицијата го приведе

 

55-годишен скопјанец фрлал камења кон полициски хеликоптер додека пилотите се обидувале да наполнат вода на Лепенец при гаснење на шумски пожар кај Блаце.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил пред точно една недела. 

-Имено, на 06.07.2025 околу 18 часот, додека полицискиот хеликоптер приоѓал кон местото каде реката Лепенец се влива во реката Вардар со цел да наполни вода за гасење на пожарот во реонот на Блаце, пилотите забележале лице кое влегло во плиткиот дел на коритото на Вардар и мавтало со рацете, по што од лица кои биле присутни на местото на настанот биле известени дека лицето фрлало со камења кон воздухопловот Белл 412 и поради тоа биле принудени да го променат местото на полнење на вода, затоа што биле ставени во крајно безбедносно загрозување и тоа додека извршувале задачи за потребите на државата и граѓаните. По преземени мерки и активности, И.А. е пронајден и лишен од слобода и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР.

13.08.2025 - 09:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега