Средба Стоилковиќ и Улман: Македонија и Швајцарија ја зацврстуваат соработката за европска иднина и економски раст
Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Швајцарија, предводена од Н.Е. Вероник Улман.
На средбата беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања, состојбата на односите меѓу етничките заедници во земјата, како и за можностите за натамошно продлабочување на билатералните односи, кои традиционално се одликуваат со пријателство и заемна подготвеност за политички дијалог на високо ниво и активна проектна соработка.
Двете страни оценија дека од воспоставувањето на дипломатските односи до денес, соработката меѓу двете земји се развива успешно и треба понатаму да се негува. Амбасадорката Улман ја потврди континуираната поддршка на Швајцарската Конфедерација за европските интеграции на Северна Македонија.
Соговорниците се осврнаа и на позитивната улога на македонската дијаспора во Швајцарија, која претставува важен социјален и економски мост помеѓу двете земји, како и пример за успешна интеграција и соживот. Беше нагласена потребата достигнатото ниво на политичка и дипломатска соработка да се прошири и во економската сфера, каде што постои значителен потенцијал – како преку зголемување на трговската размена, така и преку привлекување нови швајцарски инвестиции во земјата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа