Српски мотоциклист тешко повреден на автопатот Скопје-Велес

 


Србин кој возел мотоцикл повреден на македонски автопат.

- На 16.06.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, М.М.(43) од Република Србија, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со српски национални ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, стои во денешниот полициски билтен. 


 

 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

17.06.2025 - 13:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега