Стартуваше изградбата на гасниот интерконектор со Грција: Мицкоски најавува енергетска пресвртница
Стартуваше изградбата гасниот интерконектор со Грција во должина од 66,7 километри на потегот од Гевгелија до Неготино, со почетен капацитет од 1,5 милијарди метри кубни годишно.
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на означувањето на почетокот на градежните работи посочи дека проектот ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно стабдување, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност за компаниите и како што нагласи, силна порака - конечно стануваме дел од европската енергетска мрежа.
Вредноста на проектот е 3,7 милијарди денари (60 милиони евра), обезбедени со поддршка од ЕБОР, ЕИБ и ЕУ.
- Овој проект не е нова идеја но досега остана само идеја, иако беше ветувано претходно никогаш не беше започнат. Затоа денеска не правиме спектакл за да ги залажаме луѓето, туку да покажеме дека се работи со одговорност, истрајност и вистински намери. Резултатите стигнуваат. Ова е само дел од поголемата слика, се поврзуваме со гасоводите на соседите, што ќе не направи регионална енергетска крстосница, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа