Таравари на средба со Колефски во Пустец

 

Делегација на Алијанса за Албанците, предводена од Арбен Таравари, престојувала во Пустец каде остварила средба со градоначалникот Пали Колефски.

-Делегацијата беше пречекана и од претставници на Општина Пустец, што ја одразува институционалната посветеност кон регионалната соработка. За време на средбата беа потенцирани одличните односи помеѓу Општина Пустец и Северна Македонија, како и важноста од нивно зачувување и зајакнување во иднина, објави Општина Пустец.

Според истиот извор, градоначалникот Колефски, ја потврдил континуираната посветеност на оваа соработка и пријателство, нагласувајќи ја заложбата за проекти и иницијативи што носат развој и придобивки за заедницата.

Делегацијата, во која се и Ваљбон Лимани, градоначалник на Општина Гостивар, Блерант Рамадани, генерален секретар на партијата, Исен Шабани, градоначалник на Врапчиште и Назим Таипи, претседател на Националното собрание на АА, претходно, според албанските медиуми имала средба со градоначалникот на Подградец и првиот човек на округот Корча

09.08.2025 - 13:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега