Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Мотоциклист со тешки повреди по судир со автомобил

 


Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во центарот на Скопје.

Според информациите на МВР, ноќеска околу 00.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Илинден“ и ул.„Ленинова“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(27) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.К.(33) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот,  констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

02.06.2025 - 14:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега