Тешко повреден малолетник, со „голф“ излетал од пат

 


Вчера во 22:10 часот, на локален пат во струшкото село Радолишта, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 17- годишно момче од струшкото село Франгово, излетало од патот.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а 15-годишен сопатник од селото Заграчани со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

31.07.2025 - 12:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега