Тошковски најави „маалски полицајци“ и крај на партизацијата во МВР
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во гостување на „Вести Плус“ порача дека ќе се прекине партизацијата во МВР, а институциите ќе функционираат врз основа на професионални критериуми и работно искуство.
„Факт е дека и според моменталната систематизација, началник на Одделот за организиран криминал мора да има најмалку десет години искуство. Опозицијата грубо ја манипулира јавноста, ширејќи страв дека ќе се вработуваат партиски кадри. Нема да има партизација. Ќе се вработува само според јасни и стручни услови“, истакна Тошковски.
Тој најави и конкретна примена на концептот „маалски полицаец“.
„Преку новиот закон за полиција, очекувам веќе од следната есен да имаме зголемена видливост на полицијата на терен. Истите службеници ќе бидат присутни во истите реони, со цел континуитет и доверба, додаде Тошковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа