Трагедија на македонските патишта: Во сообраќајка загина едно лице

 


Вчера околу 16.00 часот се случила сообраќајка на обиколница Богданци.

66- годишниот Љ.С. од Богданци управувал со патничко возило „рено клио“ со гевгелиски регистраски ознаки, по што излетал од патот.


 

Од здобиените повреди на местото на настанот починал Љ.С., а лекар од Итната медицинска помош Гевгелија констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

31.07.2025 - 10:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега