Трајчулевски: Се сруши митот за економската способност на ВМРО-ДПМНЕ

 

Митко Трајчулевски, пратеник од СДСМ, на трибината „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“ истакна дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ го сруши митот за економска супериорност и ефикасност.
 
„ВМРО-ДПМНЕ имаше седум години да се подготви за владеење, но денес не гледаме резултати – гледаме само оправдувања. Целосно се распаѓа митот за економски способна и организирана власт. Сведоци сме на неуспешно менаџирање, неспособност и недостиг на визија“, рече Трајчулевски.
 
Тој нагласи дека владата не испорачува никакви економски реформи и дека постои очигледна некапацитетност да се справи со предизвиците. Според него, ова не е само политички проблем – туку сериозна закана за иднината на државата.
22.06.2025 - 13:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега