Трамп: Мировен договор за Украина мора да се постигне до 8 август

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека сака договор за прекин на руската војна во Украина до 8 август, соопштија денесла САД пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

„И Русија и Украина мора да преговараат за прекин на огнот и траен мир. Време е да се постигне договор. Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека ова мора да се направи до 8 август. САД се подготвени да преземат дополнителни мерки за да обезбедат мир“, изјави високиот американски дипломат Џон Кели пред Советот за безбедност.

Трамп изјави завчера дека САД ќе почнат да воведуваат царини и други мерки за Русија „за 10 дена“ доколку Москва не покаже напредок кон прекин на војната во Украина. Киев и Москва одржаа три рунди разговори во Истанбул оваа година што резултираа со размена на затвореници и тела, но без никаков напредок во смирувањето на речиси три и полгодишната војна.

31.07.2025 - 20:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега